Структурни-Носечки Лимови

 

  • Структурно Носечките лимови Ruukki се направени од висококвалитетни суровини и се користат за изградба на кровови за комерцијални и индустриски згради. Тие се монтираат брзо и лесно, и овозможуваат структурна подршка на кровните контрукции и слобода на избирање на тип на изолација од страна на клиентот.
     
    Носечките лимови со висок профил се економски одржливо кровно решение со помош на кое се постигнуваат поголеми растојанија помеѓу носечките столбови и распони на рожниците,  овозможувајќи елиминирање на секундарните челични конструкции. Исто така, можат да бидат употребени и како помошна обвивка на објектите за дистрибуција на хоризонталните оптоварувања на темелите / фондацијата. Овие високопрофилирани лимови можат да бидат перфорирани за подобра акустична изолација при изведба на кровови за музички хали, концертни сали, стадиони, и други спортски објекти. При нивната употреба во изведба на комори, индустриски хали, шопинг центри, саемски хали или други објекти каде постои можност од кондензација, можат да бидат обложени од долната страна со анти-кондензационен слој кој не дозволува формирање на водени капки на долната страна на лимот.
     
    Нудиме широк спектар на профили и нудиме многу опции за дизајн за различни апликации. На следниот линк можете да погледнете дел од овие производи.


 

Ниско Профилни лимови

 

  • Ruukki ниско-профилни лимови се користат за фасади и кровови на сите видови на комерцијални и индустриски објекти. Изработени во разни дизајни и нијанси на боја овие лимови се префектен избор кога брзината на изведбата и функционалноста на објектот се од голема важност. 
  • Лесно се монтираат, нивните модификации се лесно изводливи и брзи за обработка на лице место. На следниот линк може да ги разгледате ниско-профилните лимови на Ruukki